Mustafa Deveci
19 Април 2024•Ажурирај: 21 Април 2024
ЊУЈОРК (АА) - Американската амбасада во Израел издаде безбедносно предупредување до своите вработени и нивните семејства по веста дека Израел извршил напад врз Иран, јавува Анадолу.
Во безбедносното предупредување е наведено дека личните патувања, освен во градовите Тел Авив, Западен Ерусалим и Бершеба, се ограничени за вработените во амбасадата и нивните семејства.
Во соопштението се додава дека оваа одлука е донесена од „крајна претпазливост“ по извештаите дека Израел извршил напад врз Иран.
Иранските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во североисточната провинција Исфахан, каде што се наоѓа базата на иранското воено воздухопловство.
Американските медиуми, повикувајќи се на американски претставници, објавија дека Израел извршил напад на иранска територија.