Zehra Ulucak
16 Мај 2019•Ажурирај: 16 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Следниот месец претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, ќе ја посети Јужна Кореја. Со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, покрај темите за соработка меѓу двете земји, ќе разговара и за ослободувањето на Северна Кореја од нуклеарното оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја, кое е пренесено од агенцијата „Јонхап“ се истакнува дека Трамп, на крајот на јуни планира да ја посети и Јужна Кореја, во рамките на патувањата во регионот за Самитот Г-20, кој ќе се одржи во Јапонија.
„Двајцата лидери планираат да разговараат за тоа Корејскиот Полуостров да биде целосно ослободен од нуклеарното оружје и да се најдат патиштата како со зајакнувањето на односите меѓу САД и Јужна Кореја може да се дојде до постојан мир на полуостровот“, истакна портпаролот на Претседателството Ко Минџунг.
Ко Минџунг рече дека Сеул и Вашингтон се согласиле да направат дополнителни дипломатски консултации како дел од посетата на Трамп на полуостровот која ќе биде реализирана наскоро.
Јужнокорејското Претседателство деталите за посетата на Трамп и точките од агендата не ги сподели.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Трамп и Мун ќе разговараат за континуираната соработка меѓу двете земји во напорите за конечно и целосно ослободување на Северна Кореја од нуклеарното оружје и за соработката меѓу двете земји.
Точниот датум на посетата на Трамп на Јужна Кореја не е објавена.
Самитот на Г-20 ќе се одржи во Осака, Јапонија, на 28-29 јуни.
Во ноември 2017 година, Трамп ја посети Јужна Кореја како втора станица од неговата азиска турнеја.