Lina Altawell
03 Февруари 2026•Ажурирај: 04 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот пратеник Стив Виткоф пристигна денес во Израел за да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални лица, објави израелскиот Канал 12, пренесува Анадолу.
Од Кабинетот на Нетанјаху за новинскиот портал „Тајмс оф Израел“ е соопштено дека премиерот ќе се сретне со Виткоф во 16:30 часот по локално време.
Се очекува разговорите на американскиот пратеник во Израел да се фокусираат на Иран и спроведувањето на втората фаза од планот за прекин на огнот во Газа.
Иран и САД треба да ги продолжат преговорите за нуклеарната програма на Техеран во петок во Истанбул.