Mehmet Nuri Uçar
26 Јануари 2024•Ажурирај: 29 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Гласот на радиото Ал-Акса објави дека неговиот водител Ијад ер-Руваг е убиен во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
„Водителот на радио Акса и пријател, новинарот Ијад ал-Руваг загина заедно со неколку членови на неговото семејство во напад на израелски воени авиони врз неговата куќа во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа“, објави Гласот на радио Ал-Акса.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 120 новинари.
Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври.
Најмалку 25.900 Палестинци се загинати во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти вчера Министерството за здравство на блокираната палестинска енклава.
Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.