Muhammet Kurşun
01 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ТЕХЕРАН
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе иранската југозападна покраина Бушер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија на Универзитетот „Техеран“ објави дека епицентарот на земјотресот што го потресе местото Гунаве во покраината Бушер, се случил во 04:45 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот на местото на потресот пристигнале спасувачки екипи. Според првичните информации, во земјотресот се повредени 4 лица.