Alma Çekovic
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Стапката на популарност на францускиот претседател Емануел Макрон (39) во август забележа пад на 40 отсто задоволни испитаници, што е пад од 14 отсто за еден месец по оној од 10 отсто во јули, покажаа највновите истражувања на институтот „Ifop“ (Ифоп), пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето кое „Ifop“ го спроведе за „Journal du Dimanche“, покажаа дека шефот на француската држава изгубил 22 отсто од популарноста од нивното прво испитување пред три месеци, непосредно по изборите кои го поддржуваа 62 отсто од Французите.
Пад на популарноста бележи и францускиот премиер Едуард Филипе. Него во однос минатиот месец го поддржуваат девет отсто помалку испитаници.
Истовремено, во 2012 година претходникот на Макрон, социјалистот Франсоа Оланд, уживаше значително поголема стапка на популарност (54 отсто), додека со работата на Николас Саркози во 2007 година беа задоволни дури 67 отсто од испитаниците.
Во овој месец, 36 отсто испитаници се изјаснија „донекаде задоволни“ со Макрон, а четири отсто беа многу задоволни, што е за три отсто помалку во однос на минатиот месец. Истовремено, вкупниот број на незадоволни се заголеми од 43 на 57 отсто.
Анкетата е спроведена на 25 и 26 август, на 1.023 испитаници.