свет

Анкета: Мнозинството Белгијци сакаат санкции за Израел

„Додека во Газа се случува геноцид, најгласниот гнев не доаѓа од светските лидери, туку од обичните граѓани“

Ahmet Gençtürk  | 06.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
Анкета: Мнозинството Белгијци сакаат санкции за Израел

АТИНА (АА) - Мнозинството Белгијци сакаат санкции против Израел, покажува анкетата објавена денес од страна на голема коалиција на невладини организации, јавува Анадолуја.

Коалицијата на движењето Север-Југ во Фландрија (Белгија) соопшти дека 54 отсто од Белгијците поддржуваат Европската Унија и Белгија да воведат санкции кон Израел, додека 14 отсто се против.

Вкупно 73 отсто од испитаниците поддржуваат итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа, а речиси половина сакаат итен прекин на трговијата со илегалните еврејски населби на окупираните палестински територии.

„Додека во Газа се случува геноцид, најгласниот гнев не доаѓа од светските лидери, туку од обичните граѓани. Повиците за прекин на огнот, за санкции и силна одбрана на човековите права се погласни од кога било досега“, рече директорката на коалицијата Елс Хертоген за резултатите од анкетата.

„Крајно време е меѓународната заедница јасно да стави до знаење дека воените злосторства и геноцидот не остануваат неказнети“, додаде таа.

Израел продолжува со разорната офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Во израелските напади досега загинаа речиси 43.400 Палестинци, а енклавата ја направија место непогодно за живеење.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите дејствија во блокираната енклава.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.