Salih Okuroğlu
02 Февруари 2024•Ажурирај: 03 Февруари 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) покажа дека половина од возрасните Американци сметаат дека Израел отишол предалеку во нападите врз Газа, јавува Анадолу.
Во анкетата спроведена од Асошиејтед прес-НОРК Центарот за истражување на јавни работи, возрасните Американци се прашани за нападите на Израел врз Газа и за ставот на администрацијата на Вашингтон за тоа.
Според истражувањето, само 31 отсто од возрасните Американци ја одобруваат политиката на американскиот претседател Џо Бајден во врска со ситуацијата во Газа, а поддршката за Израел и начинот на кој администрацијата на Бајден ја решава ситуацијата е намалена во споредба со анкетите спроведени во октомври 2023 година.
Педесет отсто од возрасните Американци сметаат дека Израел е отиден предалеку во своите напади врз Газа.
Стапката на републиканци што мислат дека Израел отишол предалеку со своите напади се искачи на 33 отсто. Оваа бројка е речиси двапати поголема од стапката во истражувањето спроведено во ноември 2023 година.
Мислењето го делат 62 отсто од анкетираните демократи дека Израел отишол предалеку во нападите врз Газа.
Независната политичарка Мелиса Моралес истакна дека секој ден гледа видеа и вести од Газа и дека додека гледа слики од ранети палестински деца, сираци или бездомници, размислува за својот тригодишен син.
Моралес, исто така, смета дека Израел отишол предалеку во своите напади врз Газа и дека администрацијата на Бајден го поддржува тоа.