Mazin Majeed Asaad Baqal
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
БАГДАД (AA) - Во главниот град на Ирак, Багдад, и понатаму трае интервенцијата на безбедносните сили на антивладините протести, а во меѓувреме дојде и до прекин на интернет во ирачката престолнина и во некои покраини, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, без интернетска врска останаа многу градови, освен Регионалната курдска управа на северот на Ирак.
Владата на Ирак уште не коментираше за прекин на интернетот.
Поради протестите во земјата е прекинат и пристапот на социјалните мрежи. Владата го блокираше пристапот до социјалните мрежи како што се Твитер (Twitter), Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и Ватсап (Whatsapp).
Министерството за одбрана на Ирак ги алармираше сите едници за да во екот на протестите ги заштитат јавните институции и дипломатските претставништва.
Бројот на загинатите во текот на антивладите протести во Ирак порасна на четири.
Вториот ден од антивладините протести на различни подрачја во Бадад и во другите градови дојде до судир и напнатост помеѓу демонстрантите и безбедносните сили.
Според локалните извори, во текот на интервенцијата на безбедносните сили на антивладините протести во градот Зикар на југот на Ирак загина едно лице. Исто така, демонстрантите собрани на подрачјето на Зафаранија, јужно од Багдад, протестираа против владата поради „недостаток на решение за корупција и невработеност".
Безбедносните сили користат боева муниција во растерување на собраните граѓани. Демонстрантите на некои подрачја ги блокираа улиците со палење на автомобилски гуми. Ирачките сили ги затворија сите патишта кои водат кон Зелено подрачје, каде се наоѓа зградата на Владата. Преземени се највисоки безбедносни мерки.
Во текот на интервенцијата на припадниците на безбедносните сили на антивладините протести во Багдад вчера загинаа три лица, а повеќе од 100 се ранети.
Во Багдад вчера почнаа демонстрациите против актуелната влада на чие чело се наоѓа премиерот Адил Абдул-Махди. Демонстрациите следуваа по повикот на активистите кои изјавија дека владата на успеала да го подобри животниот стандард на граѓаните и да спроведе потребни реформи.