Recep Şakar
17 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Мелбурн се собраа стотици лица кои протестираа против расизмот, кој во последно време е во голем подем во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Борејќи се против расизмот и фашизмот, околу 20 невладини организации, меѓу кои и „Акционата коалиција за бегалци“, „Студенти за Палестина“ и „Радикални жени“, се собаа пред државната библиотека во Мелбурн на заеднички протест против расизмот.
По повод зголемувањето на бројот на расистички групи во земјата, организиран е протестот на кој беше порачано дека во Австралија нема да биде дозволен протест, налик на оној кој во изминатите месеци се одржа во американскиот град Шарлотсвил. Во говорот беше речено дека секогаш е важно навремено да се реагира против ваквите групи, упатуавјќи апел за претпазливост.
- Приведени две лица -
Полицијата на државата Викторија презема силни безбедносни мерки, приведувајќи го лицето кое не сакало да ја симне маската што му го покривала лицето и една жена која нападнала претставник на медиумите.
- „Добредојдовте муслимани, не за расизмот” -
По говорот, протестантите започнаа со маршот извикувајќи пароли за поддршка за муслиманите, бегалците и на локалните австралиски домородци, Абориџините. Во истовреме беа извикувани пароли против екстремните десничарски групи.
Протестантите кои ги извикуваа слоганите „Нацистички ѓубриња тргнете се од улиците”, „Отсекогаш е земја на Абориџините, таква и ќе остане”, носеа транспаренти на кои пишуваше „Добредојдовте муслинани” и „Добредојдовте бегалци”.
Полицијата со барикади спречи протестантите кои маршираа до Парламентот на државата Викторија, да се сретнат со група од 50-тина екстремни десничари кои чекаа пред Парламентот.
Во обезбедувањето на протестот учествуваа стотици полициски службеници, на кои поддршка им дадоа полицајци на коњи. Екстремните десничари и учесниците на маршот три часа извикуваа слогани едни против други.
Протестот заврши откако претставниците на екстремната десница го напуштија подрачјето, при што немаше никаков судир меѓу двете страни.