Esin Eşkinat Sayılgan
21 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
ЊУЈОРК (АА) - Познатата американска актерка Анџелина Џоли отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм за да го сврти вниманието кон ситуацијата во Авганистан, а во првата објава сподели писмо што ѝ го напишала авганистанска девојка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Актерката, која претходно немаше профил на социјалните мрежи, порача дека на Инстаграм ќе споделува „приказни за луѓе кои се борат за основните човекови права“.
Џоли, која е и амбасадорка на добрата волја на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), во својата прва објава напиша дека споделила писмо напишано од девојка од Авганистан и дека две недели пред нападите на 11 септември била на авганистанската граница и се сретнала со бегалците кои бегаа од талибанците.
Анџелина Џоли изрази тага поради фактот што Авганистанците повторно се раселени поради стравот и неизвесноста во нивната земја.
„Речиси е невозможно да се разбере трошењето толку многу време и пари, пролевањето крв и изгубените животи само за да се постигне ова“, напиша Џоли.
Таа додаде дека „е мачно со децении да се гледа како авганистанските бегалци, кои се најспособните луѓе на светот, се третираат како товар“.