Emre Solak
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
КОКС БАЗАР (АА) - Мјанмарските бегалци во камповите во Бангладеш се соочени со борба за преживување и го сонуваат денот кога ќе се вратат во Аракан, мјанмарскиот регион од кои војската ги протера, јавува Anadolu Agency (AA).
Араканските муслимани Рохинџи, веќе со години се најзагрозено етничко малцинство во светот, а од 25 август се соочуват со нов бран насилства кое во Аракан го спроведува мјанмарската војска и будистичките милитанти.
Според последните податоци, од Мјанмар од август минатата година беа протерани околу 700.000 припадници на муслиманското малцинство Рохинџа.
Рохинџа муслиманите побегнаа во соседен Бангладеш и се сместени во бегалските кампови во пограничното подрачје на Кокс Базар.
Еден од најголемите кампови е „Кутупалог“ и се наоѓа во Мајнар Гуна, во близина на Кокс Базар.
Бранот бегалци значително го отежна и секојдневниот живот на луѓето во Бангладеш, а властите на земјата од меѓународната заедница бараат помош на сите нивоа.
Делегација на Република Турција вчера го посети Бангладеш и најави додатна поддршка во згрижувањето на бегалците.
Турските хуманитарни агенции отворија мобилни болници, подигнаа шаторски населби и секојдневно делат храна и други потребни работи во камповите, меѓу кои еден го носи називот „Турско брдо“.