Aylin Sırıklı
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Турските вооружени сили се наведува дека е извршена воздушна операција врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација (ПКК) кои биле во подготовка за напад врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин, Зап и Метина во северниот дел на Ирак.
Според соопштеното, во рамките на операцијата уништени се 12 позиции кои биле користени како засолништа и складишта за оружје.