Aydoğan Kalabalık
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
КАИРО (АА) - Арапската лига ја предупреди израелската Влада за обидите за промена на демографската структура на Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик генералниот секретар на Арапската лига, Јорданецот Хејфе Ебу Газеле, на манифестацијата по повод „Денот на арапската култура“, истакна дека во Ерусалим Палестинците сочинуваат 36 отсто, но израелската Влада сака тој процент да го намали на 12.
Ебу Газеле, предупредувајќи ги израелските власти за обидот да ја променат демографската структура на Ерусалим, истакна дека тие се обидуваат да го променат етничкиот идентитет на палестинските муслимани и христијани во Ерусалим.
Ебу Газеле, исто така, рече дека израелските власти сакаат да го уништат културното наследство на Ерусалим, ги менуваат имињата на историските улици, дури и го одземаат имотот на некои Палестинци.
Заменик генералниот секретар на Арапската лига истакна дека Израел во процесот по 1967 година, инсистира на ископувањата во областите на западниот дел на Месџид-и Акса и во околината на ѕидот Бурак.
Овластени лица на Палестина и од други земји присуствуваа на состанокот на постојаниот кампус на Арапската унија, кој се одржува во Каиро, Египет.