Ahmet Gürhan Kartal
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - Британското Министерство за одбрана започна истрага за видеото објавено на социјалните медиуми во кое војници користат слика на лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, како цел при вежба за нишанење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството соопшти дека инцидентот е потполно неприфатлив.
„Знаеме за видеото кое циркулира низ социјалните медиуми, ова однесување е сосема неприфатливо и паѓа под стандардите што ги очекува Армијата“, изјави портпаролот на Армијата.
Тој додаде дека е започната сеопфатна истрага за случајот.
Видеото предизвика гнев, а многу корисници на социјалните медиуми остро го критикуваа видеото, што се случи на годишнината од убиството на пратеничката од Лабуристичката партија, Џо Кокс, во 2016-та година, извршено од Томас Маир поддржувач на екстремната десница, и обидот за убиство на пратеничката од Лабуристичката партија Рози Купер, во 2017 година.
Корбин не е омилено лице во одредени армиски кругови поради неговите ставови за учеството на Велика Британија во војната во Ирак и за армиските практики за време на судирите во Северна Ирска, во кои животот го загубија над 3.500 лица.