Dmitri Chirciu
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, истакна дека Русија е подготвена да го дискутира планот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во врска со решавањето на сириската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во изјава за медиумите говореше во врска со средбата на рускиот претседател Владимир Путин, со Нетанјаху, и за последната ситуација во Алжир.
Тој рече дека Нетанјаху на 4 април ќе допатува во работна посета на Москва. „Доколку Нетанјаху нуди план за решавање на сириската криза, се разбира дека тој план ќе се испита и дискутира“, додаде Песков.
Песков се осврна и на одлуката на претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика, за поднесување оставка од својата функција.
„Внатрешните процеси во Алжир треба да продолжат без интервенција на трета земја. Се надеваме дека нашите билатерални односи кои се во својство на пријателски односи, нема да бидат погодени од оваа состојба“, истакна Песков.
Минатата недела висок израелски функционер тврдеше дека Нетанјаху на Путин му доставил план за решавање на сириската криза, а Кремљ ги отфрли овие тврдења.