Enes Canlı
27 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Командата на американските сили во Африка (AFRICOM) соопшти дека активностите на руската безбедносна компанија „Вагнер“ во Либија го одложиле мирот и ги зголемиле страдањата на Либијците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За либиската приватна телевизија „February“, Командата на американските сили во Африка (AFRICOM) соопшти дека продолжува да соработува со либиската Влада, со која има цврсти односи.
Нагласувајќи дека ја поддржуваат опцијата мирот во земјата да се постигне по политички пат, АФРИКОМ истакнува: „Активностите на руската безбедносна компанија „Вагнер“ во Либија го одложија мирот и ги зголемија страдањата на Либијците.“
Во соопштението се вели дека за време на разговорите со либиската Влада, АФРИКОМ ја потенцирал потребата од враќање на дијалогот.
Либискиот премиер Фаиз ес Сараџ, американскиот амбасадор во Триполи, Ричард Б. Норланд, командантот на АФРИКОМ, генерал Стивен Таунсенд и либиски воени и безбедносни преставници неодамна се состанаа во градот Зувара, западна Либија.
Безбедносната компанија „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, познат како „готвачот“ бидејќи ја води кујната во палатата Кремљ, е познат и по своите платеници и по политичките активности, особено во Либија, Сирија, Украина и африканските земји.