Ekipa
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Медиумската куќа „Блумберг“ пишува дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за Турција во врска со Либија е поврзана со прикривање на недостатоците на Франција во Либија и нејзиното натпреварување за енергетските права во Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во „Блумберг“, Боби Гош напиша текст под наслов: „Турција му ги затемни соништата на Макрон за Либија“
Во овој напис се истакнува дека единствената личност што прави нешто опипливо во Либија е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој подржувајќи ја Владата на Либија, допринел повлекување на силите на Хафтар.
Во написот се наведува дека Макрон го поддржува Хафтар, воен злосторник против Владата на Триполи, признаена од ОН.
- „Лицето кое го подржува Франција изврши огромни злосторства“ -
Во овој напис се наведува дека Макрон, кој неправедно ја обвинува Турција, ја има изгубено меморијата.
Единствена работа на Макрон, според Боби Гош, е да го легитимизира Хафтар, кој не се откажува од намерата со сила да го освои Триполи. Исто така, се наведува дека зад Хафтар стојат сојузниците Египет, Обединетите Арапски Емирати и Русија.
Во написот се вели дека Макрон е „притиснат во ќоше“ од страна на Хафтар, и поради тоа не може да се „ослободи“ од него.