свет

Баку подготвен за Големата награда, улиците претворени во тркачки патеки

Со утрешниот прв тренинг започнуваат подготовките за четвртата трка од Формула 1 оваа сезона, која во недела ќе се вози на патеката „Baku City Circuit“ која се простира низ улиците на градското јадро

Ruslan Rehimov  | 26.04.2018 - Обновена : 29.04.2018
Баку подготвен за Големата награда, улиците претворени во тркачки патеки Resul Rehimov/AA

Baku

БАКУ (АА) - Трката во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан е закажана за претстојниот викенд, а организаторите завршија со големите подготовки така што улиците на Баку, трета година по ред, се подготвени да бидат домаќини на најбрзиот циркус во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Со утрешниот прв тренинг започнуваат подготовките за четвртата трка од Формула 1 оваа сезона, која во недела ќе се вози на патеката „Baku City Circuit“ (патеката во Баку) која се протега низ улиците на градското јадро.

Организаторите претходно го запреа сообраќајот и долж улицата поставија трибини, заштитни огради и други придружни објекти низ улиците.

Патеката го опкружува средновековното јадро на градот и модерните облакодери на брегот на Каспиското Езеро. Болидите ќе возат низ срцето на Стариот град, кој се наоѓа на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Боксовите, стартната и целната рамнина се наоѓаат на Плоштадот Слобода (Meydan Azadlik), а трката се вози во спротивна насока од стрелките на часовникот, како и трките во Канада и Бразил.

Должината на кругот е 6.003 метри, што патеката во Баку ја прави втора најдолга патека во календарот на Формула 1. Подолгиот круг, и тоа за цел километар, е само на белгиската патека „Спа Франкоршампс“.

За време на викендот, посетителите ќе можат да уживаат во концертот на Кристина Агилера, а Баку уште најмалку две години ќе биде домаќин на трките во Формула 1.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın