Hasan Tosun
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ВИЕНА (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун изјави дека ОН може да ѝ помогне на Сирија единствено кога непријателствата во оваа земја ќе бидат завршени долгорочно, јавува Anadolu Agency (AA).
Бан денеска во Виена се состана со министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, а по состанокот зборуваше на конференцијата за новинарите.
Тој се осврна на особено тешката ситуација во Сирија и во градот Алепо и рече дека како специјален претставник на ОН за Сирија води многу тешка дипломатија.
Бан потсети дека севкупните напори во текот на последните шест години не беа успешни, како и дека ОН настојувале да достават хуманитарна помош во регионите под опсада.
Сепак, како што истакна, стана тешко да се доставува помош во воена состојба.
Она што е неопходно е непријателствата да запрат, во смисла долгорочно. Единствено на тој начин ќе можеме да им помогнеме на луѓето“, порача Бан.
Тој изјави дека и покрај воената ситуација во Сирија, досега е доставенахуманитарна помош за пет милиони жители, како и медицинска опрема.
„Ги повикуваме сириските власти, оружените групи и партнерите на коалицијата да ги испочитуваат дадените ветувања. Единствено на тој начин ќе можеме да го направиме она што е неопходно“, нагласи генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.