?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) - Генералниот секретар на OОН Бан Ки-мун изјави дека светот мора да има силен одговор на терористичките напади извршени од страна на ДАЕШ во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот човек на OОН учествува на Самитот на лидерите на земјите од Г-20 во Анталија, и на конференцијата испрати порака на сочувство и го осуди терористичкиот напад, кој се случи во петокот вечерта и однесе129 човечки животи.
"Ниту една земја, ниту еден нема град не се имуни на терористичките закани. Оние кои дејствуваат на овој начин во име на религијата, само им наштетуваат на нивната религиска заедница ", рече Бан.
Фалејќи го добро организираниот Самит Г20 во Анталија, Бан рече дека тоа е ретка дипломатска можност да ги собере сите лидери да донесат одлукi со кои ќе се стави крај на насилството во светот.
"На лидерите ќе им порачам дека нашиот одговор на тероризмот мора да биде робусен, но сепак во рамките на правото и почитувањето на човековите права. Во спротивно, само ќе го разгориме огнот кој се обидуваме да го изгасиме ", рече Бан.
Генералниот секретар на ООН се осврна и за актуелната бегалската криза во светот и додаде дека на овој самит ќе ги повика лидерите на земјите од Г-20 на солидарност и да им помогнат на тие луѓе. " Исто така, ќе ги пoвикам лидерите да помогнат во решавањето на она што го нарекуваме најголем бран на бегалци од Втората светска војна. Кризата со бегалците не е само криза, која е изразена во бројки, тоа е и криза на глобалната солидарност ", тврди Бан.
На крај, тој нагласи дека терористичкиот напад во Париз и бегалската криза во Европа се показатели дека е потребно итно да се најде решение за петгодишната криза во Сирија. На Средоземното Море во Анталија утрово почна дводневниот 10. самит на лидерите на Г-20.
Покрај планираните економски прашања, лидерите на земјите од Г-20, меѓународните организации и поканетите гости разговараа и за глобалните прашања на тероризмот, бегалската криза, војната во Сирија и климатските промени.
Агенција Анадолија е главен дистрибутер на фотографии за овој престижен собир.