Ekip
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ДАКА (АА) - Властите на Бангладеш и Мјанмар формираа заедничка работна група за подготовка на процесот на враќање на бегалците Рохинџа во регионот на Мјанмар во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата беше формирана на билатерален состанок во Дака, каде што делегацијата на Бангладеш беше предводена од министерот за надворешни работи Шахидул Хак, а на чело на мијанамарската делегација беше секретарот на Министерството за надворешни работи на таа земјаМинт Тху.
Aраканските муслимани Рохинџа со години се најранливите етнички малцинства во светот, а од 25 август тие се соочуваат со нов бран на насилство кое во Аракан го спроведува армијата на Мјанмар и будистичките милитанти.
Досега, 655.000 бегалци беа евакуирани во соседниот Бангладеш, односно во регионот Кокс Базар. Сметајќи ги бегалците од порано, во таа бангладешка територија моментално живеат 867.000 аракански муслимани.
Шефот на бангладешката дипломатија Хак соопшти дека заедничката работна група брои 15 членови од двете земји.
Тој најави дека наскоро ќе започне следната фаза од процесот на враќање на бегалците Рохинџа, но не ги прецизираше деталите за таа фаза.
На 23 ноември, владите на Мјанмар и Бангладеш потпишаа договор за враќање на бегалците од Aракан кои избегаа во Бангладеш од брутални злосторства на мијанмарските сили.
Во договорот се наведува дека во рок од три недели ќе биде формирана заедничка работна група и дека враќањето на бегалците ќе започне за помалку од два месеци.