İlker Girit
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
БРИСЕЛ (АA) - Европската унија ги повика властите на Мјанмар итно да ги ослободат уапсените новинари од агенцијата Ројтерс (Reuters), јавува Anadolu Agency (AA).
„Очекуваме владата на Мјанмар да ги заштити сите права и што побрзо да ги ослободи уапсените новинари. Слободата на медиумите и новинарите е темелна вредност и основа за секое демократско општество", рече портпаролката на Европската комисија Маргаритис Шинас.
Двајца новинари на Ројтерс, Ва Лоне (31) и Кјав Оо (27), беа уапсени пред седум дена во најголемиот град во Мјанмар, Јангон.
Челникот и главниот уредник на Ројтерс, Стивен Џ. Адлер, изјави дека на агенцијата и е забранетобило каков контакт и пристап до какви било информации за уапсените новинари.
Тој рече дека новинарите се невини и дека вршеа важна работа за информирање на светската јавност за случувањата во тој регион.
Властите во Мјанмар ги теретат уапсените новинари за објавување чувствителни владини информации, најчесто од безбедносниот сектор.