Afra Aksoy
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
МАНАМА (АА) - Смртната казна поради бомбашки напад врз полициски службеници во 2014 година беше донесена денес за тројца осуденици во Бахреин, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинител од Одделот за злосторства поврзани со тероризмот, Aхмед Eл-Хамади, за новинската агенција Бахреин рече дека се погубени три лица, осудени на смрт, за бомбашкиот напад во регионот Ед Дије во којшто загинаа тројца полицајци.
Апелациониот суд на 9. јануари ја потврди смртната казна за овие три лица. Седум лица беа осудени на доживотен затвор.
Меѓу загинатите припадници на безбедносните сили се најде и офицер, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, кој во Бахреин беше ангажиран во рамките на договорот за безбедносна соработка меѓу земјите од Заливот.