İlker Girit
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот министер за внатрешни работи денес изјави дека Турција е важен партнер во борбата против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние можеме да ја критикуваме Турција, но мораме да имаме на ум дека Турција е важен партнер во борбата против ДЕАШ“, изјави Жан Жамбон за државната телевизија „RTBF“ (РТБФ).
„Во Турција беа фатени и затворени голем број странски терористи кои се придружија на ДЕАШ“, изјави тој.
Жамбон рече дека е загрижен оти терористите, откако ќе бидат притеснети во Сирија и во Ирак, ќе се вратат во Европа и ќе извршуваат напади.
Тој додаде дека безбедносните официјални лица во европските земји се во блиска меѓусебна соработка преку Интерпол и Европол, со цел да ги идентификуваат борците.
Шефот за антитероризам на ЕУ, Жил де Керчов, минатиот месец исто така ја пофали строгата контрола на Турција на нејзината граница со Сирија, и рече дека спротивно на широкораспостранетите стравови, операцијата во ирачки Мосул не довела до тоа голем број милитанти на ДЕАШ да се вратат во Европа.
„Досега, Турција ги контролираше своите граници на мошне добро, и повеќе не е лесно некој да премине од кризните региони во Европа“, изјави тој за германскиот весник „Die Welt“ (Велт).
Во јули, ирачката армија со воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД повторно го зазеде Мосул од ДЕАШ, по деветмесечна кампања која вклучуваше чести бомбардирања на населените делови на градот.