Şerife Çetin
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгија е загрижена поради можноста дека децата на белгиски државјани, кои заминаа во Сирија и Ирак за да се борат за терористичката организација ДЕАШ, би можеле да се вратат во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на Координацската единица за анализа на опасноста (CUTA) покажува дека во Сирија и во Ирак се наоѓаат и деца на белгиски државјани кои во таа земја отишле за да се борат на страната на ДЕАШ.
Во Ирак и во Сирија живеат околу 100 деца, на кои барем еден од родителите им е белгиски државјанин.
Во извештајот се наведува дека околу 60 отсто од тие деца се родени во воено опкружување и оти никогаш не престојувале во Белгија.
Истакнато е дека во Белгија моментално се наоѓа 21 дете кое се вратило од военото опкружување во Сирија и во Ирак, и дека две од нив се на возраст 2,5 години, и шест месеци поминале со мајките во затвор.
Во согласност со законите во Белгија, децата чиј барем еден родител е државјанин на таа земја, остваруваат право на државјанство.
Населението во Белгија е загрижено поради ситуацијата со децата кои се борат на страна на ДЕАШ, доколку тие се вратат во земјата.
„Овие деца поминуваат воена стратешка обука на ДЕАШ. Некои од нив од пет години се обучувани како да користат оружје. Во камповите на ДЕАШ за обука носат деца од девет години“, изјави Жан-Жак де Гухт, преставник на партијата Фламански либерални демократи.
Министерот за правда на Белгија, Коен Гинс, изјави дека припадниците на безбедносните сили се внимателни и оти доколку тие деца се вратат во Белгија, ќе ги вклучат здруженијата за заштита на децата и младите во таа земја.