Hasan Esen
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, главниот град на Белгија, приведен е 81 бегалец, а меѓу нив и бегалци со потекло од Ирак и од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата е извршена на Северната железничка станица во Брисел, а приведени се бегалци кои спиеле на станицата бидејќи немале каде да одат.
Министерот за бегалци и миграции на Белгија, Тео Франкен, преку објава на една од социјалните мрежи соопшти дека поголемиот број меѓу приведените се државјани на Судан и на Романија, тројца Сиријци, двајца државјани на Ирак и Авганистанец.
Франкен истакна дека во последно време е зголемен бројот на мигранти на станицата.
„Поголемиот број се лица што одбиле да поднесат барање за азил во Белгија и оние што сакаат да заминат во Велика Британија. Поради тој свој избор, тие илегално престојуваат во земјата. Принудени сме да сториме нешто“, истакна Франкен.
Во Белгија, која има 11 милиони жители, во 2015 година влегоа околу 35.000 мигранти, а тој број значително е намален минатата година.