Kristina Maslareviç
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
БЕЛГРАД (AA) - Во зградата на Министерството за надворешни работи на Србија одржана е комеморација на страданите службеници од амбасадата на Србија во Либија, на Јовица Степиќ (1955) и Слаѓана Станковиќ (1975), во која освен семејствата на загинатите присуствуваа и премиерот на Србија Александар Вучиќ, првиот потпретседател на Владата на Србија Ивица Дачиќ и службениците на Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ рече дека денес нема должност како министер да одаде последна почит на страданите службеници, туку неговото присуство го чувствува како долг и скромен израз на благодарност на сите и целата држава кон нив, поради она што со својата работа ја го давале за својата земја, за да на крајот ги загубат и своите животи
" Од почит кон нив и членовите на нивните семејства нема да зборувам за тоа какви биле како луѓе, родители, пријатели, јас лично немав прилика да престојувам долго со нив, но после две години на функцијата министер за надворешни работи и по севкупното ангажирање кое Владата на Србија го вложи со цел тие да бидат ослободени, по грабнувањето, ми стана јасно дека Слаѓана Станковиќ со својата работа беше, а со страдањето стана симбол на големиот број на работници на ова министерство" , рече Дачиќ.
За Јовица Степиќ, Дачиќ рече дека бил константа на колективот на амбасадата во Триполи и дека нема човек во Либија од Србија кој не слушнал за него.
Изразувајќи сочувство на семејствата на страданите во име на Министерството за надворешни работи и Владата на Србија, Дачиќ посебно им се заблагодари на трпението и ккоперативноста од моментот на грабнувањето. Тој додаде дека Србија направи се тие да бидат ослободени и дека ќе направат се да се дознае зошто и како загинале, како и дека обдукцијата потврдила дека смртта настапила како последица од воздушни удари. .
"Србија бара објаснување зошто токму тие станале колатерална штета на воздушните напади на американските сили. На нив им должиме до крај да испитаме се што се случи и да не заборавиме дека поради тоа секој треба да има ниво на своја одговорност. Но, без оглед на сето тоа, не смееме никогаш да заборавиме дека за нивната смрт се виновни оние кои ги грабнале и оние кои ги убиле", заклучи Дачиќ.
Слаѓана Станковиќ, која десет години помина во Либија, како службеник на Амбасадата на Србија и Јовица Степиќ, настрадаа за време на воздушните напади на САД на положбите на ДАЕШ во Сабрат во Либија, во петок. Нивните посмртни остатоци донесени се во вторник навечер.
Со обдукцијата направена на Војно-медицинска академија во Белград, утврдено е дека не се мачени и дека починаа од последици на детонација. Погребот на службениците на амбасадата на Србија ќе биде извршен утре.