Zehra Nur Düz
04 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
БЕЈРУТ/АНКАРА
Пожар во складиште на експлозиви во пристаништето Бејрут доведе до силни експлозии, јави официјалната либанска новинска агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Голем број луѓе се ранети во екслозиите, додека поранешниот премиер Саад ал Харири, кој живее во близина на местото во кое се случија експлозиите, е неповреден, според првичните информации.
Куќата на Харири, владините згради и џамијата Мухамед ал Амин и уште неколку околни објекти претрпеа значителна материјална штета.
„Пожарот доведе до големи експлозии кои одекнаа во главниот град и предградјата", јави агенцијата.