Zehra Ulucak
31 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
БРУМАДИЊО (АА) - Најмалку 99 лица загинаа откако во петокот минатата недела се сруши рударска брана на југозападниот дел на Бразил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Флавио Годино, портпаролот на Цивилната заштита на Минас Жераис, потврди дека бројот на жртвите е зголемен на 99, а дека се исчезнати 259 лица.
Од полицијата е соопштено дека е утврден идентитетот на 51 лице. Официјалните претставници наведуваат дека поради ветрот привремено биле запрени акциите на спасување и пребарување.
По уривањето на рударската брана беа приведени 5 лица, од кои 3 се задржани во притвор. Властите евакуираа околу 3.000 лица од бразилскиот град Брумадињо.
Рударската компанија „Vale SA“ соопшти дека на семејствата на загинатите лица ќе им исплати отштета во вредност од 26.400 долари.
При уривањето на рударската брана во Мариана, која се случи во 2015 година, загинаа 19 лица, а неколку стотици беа принудени да ги напуштат домовите.