Ikrame Imane Kouachi
27 Декември 2024•Ажурирај: 28 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 37 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот биланс од минатата година достигна 45.436, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во нападите досега повредени се најмалку 108.038 Палестинци.
„Израелските сили убија 37 Палестинци, ранија 98 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Израел започна геноцидна војна врз Појасот Газа од октомври минатата година.
Во втората година од геноцидот во Газа се зголеми меѓународната осуда, а официјалните претставници и институции ги означија нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.