Ikrame Imane Kouachi
29 Декември 2024•Ажурирај: 30 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 30 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот на жртви од 7 октомври минатата година достигна 45.514, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството објави дека во тековната израелска офанзива повредени се најмалку 108.189 Палестинци.
„Израелските сили убија 30 луѓе, ранија 99 други во три масакри на семејства во последните 24 часа“, истакна Министерството и додава:
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“.
Израелската армија продолжува со бруталната офанзива во Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Тел Авив наметна блокада на Газа, оставајќи го населението од 2,3 милиони на работ на глад.
Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.