Esat Fırat
04 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, уште еднаш ги пролонгира официјалните посети на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, планирани за овој месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот се наведува дека Нетанјаху ги прифатил сите повици на престолонаследникот на ОАЕ, Мухамед бин Зајид и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса бин Салман ал Калифа и дека го поздравил историскиот мир меѓу земјите.
„Наспроти значајните посети на Абу Даби и Бахреин, бидејќи аеродромот е затворен, премиерот Нетанјаху донесе одлука во оваа фаза посетата да биде пролонгирана“, се наведува во соопштението.
Не е познат новиот датум на посетата.
Израелските медиуми претходно соопштија дека Нетанјаху на 9 февруари ќе престојува во официјална посета на Абу Даби.
Затворањето на аеродромот „Бен Гурион“, во близина на Тел Авив, е една од мерките во рамките на борбата против коронавирусот во Израел.
Нетанјаху од различни причини двапати ја пролонгира посетата на ОЕА, првпат во декември 2020 година, а вторпат во јануари 2021 година.
Во минатомесечниот план, Нетанјаху требаше во состав на тридневната посета прво да престојува во ОАЕ, а потоа во Бахреин.