Betül Yılmaz
05 Јули 2025•Ажурирај: 06 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.338 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека 70 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 332 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 135.957.
„Многу жртви се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додава Министерството.
Израел ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш се убиени 6.780, а повредени 23.916 Палестинци, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.