Rabia İclal Turan
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е целосно уверен дека Украина ќе победи во војната против Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Целосно сум уверен дека Украина ќе победи“, рече Блинкен на прес-конференцијата со литванскиот министер за надворешни работи Гарбриелиус Ландсбергис во Вилнус, главниот град на Литванија.
„Дури и ако Русија би можела да ја добие битката во Украина, тоа не значи дека ќе ја добие војната. Дури и кога Русија би можела да заземе град во Украина, тоа не значи дека ги одзема срцата и умовите на украинскиот народ. Не може. Не сака. За една недела, месец или подолго, целосно сум уверен дека Украина конечно ќе победи“, рече Блинкен.
Тој додаде дека Москва има „огромна несразмерна сила“ во споредба со Киев, тврдејќи дека руските сили ги напаѓаат украинските цивили.
„Сакаме ова да се заврши што е можно порано, поради што ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија и ќе ја поддржуваме Украина“, рече тој.