İlayda Çakırtekin
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Француската морнарица на 17 ноември пресретна сомнително полупотопно пловило во Атлантскиот Океан, што претставува втора ваква операција во текот на ноември, изјави вчера министерката за одбрана Катрин Вотрен, пренесува Анадолу.
„По вторпат во ноември, француската морнарица пресретна сомнително полупотопно пловило во Атлантскиот Океан, при што се приведени две лица осомничени за трговија со дрога“, напиша Вотрен на американската платформа на социјална мрежа X.
Таа наведе дека со оваа операција е разбиена цела криминална мрежа и нејзината придружна логистика.
Оваа операција уследи откако на 12 ноември морнарицата пресретна полупотопно пловило што превезувало најмалку 146 килограми кокаин. Тоа беше прво такво пресретнување спроведено од француската морнарица.
Вотрен ја нарече таа операција „пресретнување без преседан во борбата против трговијата со дрога“.