Haydar Hadi
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
БАГДАД (АА) – Во бомбашки напад во Багдад, главниот град на Ирак, 4 лица го загубија животот, а 11 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од безбедносните сили, на меѓуградската автобуска станица Нахда во центарот на Багдад, во напад со возило-бомба загинаа четири лица, а единаесетмина се ранети.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорност за нападот.
Недостатокот на безбедност е очигледен во Багдад, град кој честопати е место на насилни и бомбашки напади.