Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
КАБУЛ
Во авганистанските провинции Сарипул и Нангархар изведени се бомбашки напади во кои животот го загубија девет цивили, известува Агенција Анадолија (АА).
Забихулах Амани, портпаролот на Гувернерството на Сарипул, за медиумите изјави дека во селото Гаџваи кое се наоѓа на подрачјето на местото Санчарак, експлодирала бомба поставена во една куќа. Во експлозијата животот го загубиле шест цивили.
Амани истакна дека во нападот се ранети двајца цивили.
Од друга страна, Атаулах Хогјани, портпаролот на Гувернерството на Нангархар, соопшти дека во местото Пачирагам експлодирала бомба поставена покрај патот во моментот кога таму минувало возило кое превезувало цивили.
Хогјани информира дека во експлозијата животот го загубиле тројца цивили, а еден цивил е ранет.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.