Alma Çekovic
27 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Во Рио де Женеиро, бразилската сојузна држава со највисока стапка на криминал, од почетокот на годината се убиени 100 полицајци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот наредник Фабио Хосе Кавалканте (39) е убиен од огнено оружје за време на обид за грабеж во градот Сан Жуао ди Мерити, северозападно од главниот град Рио де Жанеиро, јавуваат бразилските медиуми.
Со тоа, во последните речиси девет месеци е убиван по еден полицаец на секои 57 часа.
Поради порастот на криминал, сојузната влада беше принудена да распредели над 10.000 припадници на војската и полицијата за да го сузбие насилството во земјата.
Најмногу војници се распоредени во главниот град Рио де Жанеиро, популарната туристичка дестинација.
Околу 834 подрачја во Рио де Женеиро се под контрола на органзирани криминални групи.