Hamdi Yıldız
19 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
ГАЗА (АА) - Вооруженото крило на Движењето Хамас, бригадите „Изедин ал-Касам“, соопштија дека одговориле со ракети на нападот што израелските воени авиони го извршиле врз Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата противвоздушна одбрана одговори со ракети земја-воздух на ционистичките воени авиони на Појасот Газа точно во 01:35 часот по локално време во вторник наутро“, се нагласува во писменото соопштение на „Изедин ал-Касам“.
Бригадите „Изедин ал-Касам“ за првпат од 2012 година дадоа соопштија дека на напад на израелските воени авиони одговориле со ракети земја-воздух.
Од друга страна израелската армија во писмено соопштение информираа дека е погодена работилница за производство на воени материјали на Хамас во Појасот Газа.
„Воени авиони вечерва нападнаа неколку цели во Појасот Газа и работилница во која се произведуваат воени материјали на Хамас“, соопшти Израел и додаде дека нападот е извршен како одговор на нападот од Газа со ракета која е уништена од системот „Железна купола“.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет во вчерашната изјава го обвини Хамас за зголемената тензија во Израел и Палестина.