Hasan Esen
24 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
ЛОНДОН
Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, на својот профил на Твитер одговори на веста објавена во весникот „Тајмс“ дека „поради реакцијата на Турција, Велика Британија ги напуштила своите планови за формирање регионални центри за Авганистанците кои бегаат од талибанците“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истакнувајќи дека Велика Британија не се откажала од планот, Валас рече: „Вестите немаат основа, тоа се чисти шпекулации. Рековме дека ќе формираме голем број центри за обработка низ целиот регион. Вие го доведовте ова до точка дека регионалниот центар ќе биде во Турција.“
Весникот „Мејл он сандеј“ цитираше напис на министерот за одбрана Валас.
Иако во написот беше наведено дека Обединетото Кралство ќе формира центри за прием на бегалци во трети земји, не беа наведени имињата на земјите.
Од друга страна, весникот во посебна статија ја наведе Турција меѓу овие земји, а слична вест објави и весникот „Гардијан“.
Од друга страна, Би-би-си на турски јазик (BBC Turkish), објави вест со наслов „Британскиот министер за одбрана Валас: Планираме центри за бегалци во земји како Турција и Пакистан“, и покрај тоа што министерот Валас во својата статија не ја спомена Турција.
По бришењето на веста од социјалните медиуми, Би-би-си на турски јазик се извини, наведувајќи дека „направиле грешка при пишувањето“.