Tayfun Salcı
13 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
ЛОНДОН (AA) - Британскиот Парламант ја отфрли денес и ревидираната верзија на договорот за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовитет на Долниот дом на британскиот Парламент не го поддржаа договорот за Брегзит кој британската премиерка Тереза Меј го постигна со Европската унија (ЕУ).
Според резултатите од гласањето, 242 пратеници гласаа за договорот, додека 391 беа против.
Иако премиерката Меј претходно тврдеше дека обезбедила значителни подобрувања во преговорите со ЕУ, тоа сепак на пратениците не им беше доволно уверливо.
Британските парламентарци во среда ќе се изјаснуваат дали Велика Британија ќе ја напушти ЕУ бз договор.
Доколку британскиот Парламент го отфрли и излегувањето од ЕУ без договор, на гласањето во четврток ќе се одлучува за тоа дали од Брисел ќе се бара одложување на Брегзит за најмногу три месеци.
Откако Парламентот ја отфрли и ревидираната верзија на договорот за Брегзит, Меј рече дека во среда ќе го даде на гласање излегувањето од ЕУ без договор.
„Мислам дека сите треба да знаат, оние кои сакаат Брегзит навистина да се случи, дека ризикуваат Брегзит воопшто и да нема", рече Меј.
Велика Британија би требала да излезе од ЕУ на 29 март.