?????
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Долниот дом на британскиот Парламент на денешната седница ќе разговара за петицијата која има за цел да го забрани влезот на американскиот политичар Доналд Трамп во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (АА).
Петицијата која ја потпишаа 500.000 луѓе бара забрана за влез на Трамп на британска територија поради неговите изјави дека на муслиманите треба да им биде забранет влез во САД.
Во согласност со законите на Велика Британија, за било која петиција која ќе добие повеќе од 100.000 потписи, во Парламентот се организираат дебати, чии заклучоци не се обврзувачки.
Расправата ќе ја започне пратеникот Пол Флин, кој претходно изјави дека ќе се обиде да го претстави сиот "гнев" на петицијата.
Тој, исто така, рече дека забраната во врска со Трамп би можела да биде "контрапродуктивна", на начин што тој станува "жртва".