Tuğrul Çam
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Контроверзниот републикански претедент за кандидат на ноемвриските претседателски избори во САД, Доналд Трамп, му се "нафрли" на колегата од Републиканската партија Тед Круз, кој исто така се бори за кандидатура, изјавувајќи дека неговото место на раѓање (Канада) би можела да биде рискантно во смисол на неопходните услови за избор на претседателот, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако одредени анкети во САД покажаа дека неговиот партиски колега има поголема поддршка, Трамп во интервју за "Washington Post" изјави дека местото на раѓање на Круз е "рискантна тема", која би можела да претставува проблем со оглед на условот "претседателите на САД мора да бидат родени на територијата на оваа држава".
"Републиканците ќе бидат принудени да се запрашаат себеси. Сакаме ли кандидат кој две години ќе ги помине на суд. Тоа би било голем проблем. За републиканците тоа би било голем ризик, бидејќи ако Круз биде кандидат, на судот ќе му биде потребно долго време", смета Трамп.
Тед Круз, сенатор на Тексас, на изјавата на Трамп се насмеа и порача дека тој треба да се занимава со поважни работи.
Според Уставот на САД, претседател на САД може да биде само лице родено на територијата на државата. Сепак, најголем број правници во земјата се сложуваат дека лицата чии родители се државјани на САД, иако се родени надвор од земјата, може да ја вршат должноста - шеф на државата.
Тед Круз е роден во 1970 година во Канада, неговата мајка е Американка, а татко му Кубанец кој 1957 година се доселил во САД, но дури во 2005 година добил државјанство. Круз пред две години се откажал од канадското државјанство.
Трамп го говореше истото и за сегашниот претседател на САД Барак Обама, тврдејќи дека тој не може да биде претседател бидејќи е роден во Кенија. Но, кога се појави податокот дека Обама, чиј татко со потекло е од Кенија, роден на Хаваи, Трамп веќе не ја отвори оваа тема.