Ahmet Furkan Mercan
20 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
ТОКИО (АА) - Јапонскиот производител на гуми и гумени производи „Бриџстоун“ (Bridgestone) објави дека ја сопира својата работа во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јапонските компании во многу сектори, финансиите, воздушниот транспорт, телекомуникациите, продолжуваат да ги стопираат своите услуги во Русија.
Компанијата, која ги замрзна новите вложувања на извозот во Русија, најави дека ќе продолжи финансиски да го поддржува својот персонал.
Напоменувајќи дека логистичките нарушувања ќе предизвикаат проблеми во набавката на делови, компанијата соопшти дека е намалена и побарувачката на производи.
Бриџстоун вработува околу 1.000 луѓе во фабриката во рускиот град Уљановск.
До февруари 2022 година, во Русија беа активни 347 јапонски компании.