Ekipa
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
ДОЊЕЦК (AA) - Судот во Москва ја прогласи за виновна Надежда Савченко, која е украински пилот, поради вмешаноста во убиствата на двата руски новинари на истокот на Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Савченко е уапсена во јуни 2014 година, по обвинението дека е вмешана во убиството на двата новинари и неколку цивили како доброволец во украински батаљон, додека таа на судењето повртори дека е невина и дека како украински официр има право да ја брани својата земја.
Судијата кој ја читаше пресудата изјави дека Савченко тоа го направи поради "политичка омраза".
Руското обвинителство бараше Саваченко да биде осудена на 23 години затвор, додека изрекувањето на казна во предметот Савченко се очекува во текот на денот.
Украинската влада протестираше против нејзиното апсење, а САД и ЕУ побараа од Москва веднаш да ја ослободи.