Fuat Kabakçı
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Како последица на бродска несреќа во којашто се судрија рибарско бродче и транспортен брод, 11 лица исчезнаа во морето.
Центарот за поморска истрага и спасување издаде соопштение во коешто се вели дека во јужна Кина, на источниот брег од државата Фуџен се случила несреќа во којашто 14 морнари паднале во морето. Од нив биле спасени тројца, а пак единаесетмина се водат за исчезнати.
Одговорните лица соопштија дека на местото на несреќата е испратен хеликоптер и 15 чамци што ќе се обидат да ги пронајдат исчезнатите морнари. Истовремено, започната е истрага за откривање на причините за несреќата.