свет

Бројни делегации ја напуштија седницата на ГСОН за време на обраќањето на Нетанјаху

- Нетанјаху влезе во салата и се упати кон подиумот за да се обрати на 79. заседание на Генералното собрание на ОН, а турската и бројни други делегации ја напуштија седницата

Şerife Çetin  | 27.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Бројни делегации ја напуштија седницата на ГСОН за време на обраќањето на Нетанјаху Фото: Фатих Акташ

ЊУЈОРК (АА) - Туркије и делегациите на многу други земји ја напуштија салата во знак на протест поради обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН), известува Анадолу.

Нетанјаху влезе во салата и се упати кон говорницата за да се обрати на 79. заседание на Генералното собрание на ОН.

Во тој момент турската делегација, предводена од постојаниот претставник на Туркије во ОН, амбасадорот Ахмет Јилдиз, ја напушти салата пред Нетанјаху да го започне својот говор.

Истото го направија и многу други делегации, по што салата значително се испразни.

Додека Нетанјаху беше на говорницата, се слушаа некои гласови во салата.

Последниве денови жестоки критики предизвика на Нетанјаху да му се дозволи да се обрати на Генералното заседание на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.