Aida Cako
08 Јули 2025•Ажурирај: 08 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Бројот на жртви од ненадејните поплави во американската држава Тексас се зголеми на 104 лица, јавува Анадолу.
Реката Гвадалупе се излеа предизвикувајќи катастрофа во која животот го загубија над 100 луѓе низ регионот, вклучително кампери и персонал на кампот.
Спасувачките операции се во тек.
Меѓу загинатите се најмалку 27 кампери и членови на персоналот од еден летен камп, каде што 11 лица сè уште се водат како исчезнати.