Fatma Esma Arslan
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Штетите во Франција настанати поради обилните врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата, би можеле да достигнат до две милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, француската Унија на безбедносни компании наведе дека штетата причинета од поплавите кои го зафатија Париз и внатрешноста на земјата, се проценува на 600 милиони евра, додека од безбедносната компанија МАИФ, која се смета за една од најголемите во Франција, соопштено е дека штетата би можела да изнесува и две милијарди евра.
Во 14 француски региони, меѓу кои и Нормандија, Париз и Ил де Франс, и понатаму се под протокаловиот метеоаларм. Метеоролозите најавија можност од врнежи и во наредните денови, но дека во моментот не изгледа дека тие врнежи би можеле да предизвикаат поплави.
Иако престана опасноста од излевање на реката Сена, во Париз сообраќајот не е нормализиран. Патните правци во близина на реката се поплавени, а затворени се и одредени метро станици.
Музејот Орсеј кој на неколку дена беше затворен, денес повторно е отворен за посетителите, а Лувр ќе остане затворен до среда.
Премиерот на Франција, Мануел Валс, претходно изјави дека во поплавите животот го загубиле четири, аповредени се 24 лица.